Србинот Филип Филиповиќ е прогласен за најдобар ватерполист во 2018 година.
Европската федерација за водени спортови (ЛЕН) по четврти пат му ја додели наградата на Филиповиќ за играч на годината на „стариот континет“. Претходно тој беше најдобар и во 2009, 2014 и 2016 година.
Играчот на Про Реком освои 46,3 % од гласовите, убедливо најмногу пред Даниел Лопез Пинедо кој доби 17,9 и Јанис Фудулис со 16,4 % од гласовите.