Омар Артан, сомалискиот судија кој се најде во центарот на вниманието откако му беше забрането да суди на Светското првенство 2026, е делегиран од УЕФА за натпреварот од Суперкупот на Европа помеѓу Пари Сен Жермен и Астон Вила.
Артан (34) е на списокот на судии на ФИФА од 2018 година, и покрај неговата релативно млада возраст, тој се сметаше за еден од најдобрите судии од помладата генерација, што доби место на Светското првенство.
Сепак, по пристигнувањето на аеродромот во Мајами, тој беше приведен на влезот на територијата на Соединетите Американски Држави, само за да биде прогласен за „недозволен за влез“ бидејќи, наводно, не ги поминал безбедносните проверки.
Ниту ФИФА ниту американските власти официјално не ја објавија конкретната причина, но американските медиуми, повикувајќи се на локалните власти, наведоа дека постојат основани сомневања дека тој е поврзан со лица кои, пак, се поврзани со терористички организации.
И потоа во целата ситуација интервенираше УЕФА, која, неочекувано, донесе одлука да му покаже доверба.
Она што е особено интересно е што Артан ќе биде првиот судија надвор од Европа што ќе суди натпревар од Европскиот Суперкуп.
