Фелпс го освои 19-тото олимписко злато

Од:

Американецот Мајкл Фелпс го освои 19-тиот златен медал на Олимпијадите.

Уште во неговото прво влегување во базенот во Рио, најтрофејниот спортист на сите времиња на Олимписките игри, се закити со злато.

Фелпс беше дел од штафетата на САД која триумфира во трката 4×100 метри слободно, исплива во време 3:09.92 минути, што беше за 61 стотинки подобро време од Франција која го освои среброто, односно 1.45 секунди побрзо од бронзената штафета на Австралија.

Покрај Фелпс за кого ова е вкупно 23-ти медал од ОИ, во тимот на САД покрај Фелпс пливаа и Калеб Дресел, Рајан Хелд и Нејтан Адриан.

Би можело да ве интересира

Фелпс: По пензионирањето спортистите заслужуваат поголема поддршка

Наум Локоски