Хозе Пекерман селекторот на фудбалската репрезентација на Колумбија, го именува Радамел Фалкако за капитен на репрезентацијата на претстојниот Куп на Америка.
Иако Фалкао имаше разочарувачка сезона во англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, сепак Пекерман верува во квалитетите на овој врвен напаѓач.
– Имам потполна доверба во Фалкао. Тој е клучниот играч на нашиот национален тим. Очекувам дека играјќи за Колумбија ќе се врати во вистинската форма, препознатлива за него, изјавил Пекерман.
Пекерман го соопшти списокот на фудбалери со кои Колумбија ќе настапи на претстојниот Куп на Америка кој од 11 јуни од 4 јули ќе се одржува во Чиле.
Костурот на репрезентацијата ќе биде ист како оној кој минатото лето стигна до четвртфиналето на Светското првенство во Бразил.
Покрај Фалкао, најмногу се очекува и од фудбалерот на Реал Мадрид, Хамес Родригес, како и од штотуку опоравениот Камило Зунига од Наполи.
Колумбија на „Копа Америка’’ ќе игра во „Ц„ групата против селекциите на Бразил, Перу и Венецуела, а пред почетокот на шампионатот ќе одигра и пријателски натпревар против Костарика во Буенос Аирес.
Во групата „А„ ќе играат: Чиле, Мексико, Еквадор и Боливија, додека конкуренцијата во „Б„ групата е: Аргентина, Уругвај, Парагвај и Јамајка.