Фалкао доби споменик во Колумбија, но не наликува на него

Од:

Фудбалерот на Монако, Радамел Фалкао, доби споменик во неговиот роден град во Колумбија, но тој воопшто не наликува на него.

Шестметарската статуа подигната во Санта Марта во знак на почит кон фудбалерот е целосно бела и ја прикажува препознатливата поза во која Фалкаo ги прославува головите.

Но, во јавноста најсилен впечаток остави фактот дека таа воопшто не наликува на славниот фудбалер.

Поради тоа преку локалните медиуми беше соопштено дека работите околу споменикот се уште не се завршени, а особено околу финалната дообработка на лицето.

Слична ситуација имаше и со Кристијано Роналдо, кој доби споменик во родната Мадера во Португалија, но откако не беше задоволен од првата верзија споменикот беше заменет со друг.

Би можело да ве интересира

Сампаоли може да ја предводи репрезентацијата на Колумбија

Ана Ололовска

Фалкао не е повикан во репрезентацијата на Колумбија за натпреварите со Бразил и Аргентина

Ана Ололовска

Новинарот кој го преживеа падот на авионот на Чапекоенсе во Колумбија, почина од срцев удар

Ана Ололовска

Кеирош е нов тренер на Колумбија

Ана Ололовска

Колумбија остана без селектор

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фалкао откри што им зборел на Перуанците

Ана Ололовска