Репрезентацијата на Србија синоќа во Белград со убедливи 13:6 ја победи Хрватска во дерби натпреварот од 1.коло на Европското првенство одигран пред рекордни 11 илјади гледачи.
Покрај овој меч, во Б групата се одигра и натпреварот Франција – Малта 17:7.
Резултати од 1.коло во А групата:
Шпанија – Словачка 13:4,
Црна Гора – Холандија 13:6.
Денеска на програмата се дуелите од првата рунда во останатите две групи:
Ц група: Германија – Италија и Грузија – Романија.
Д група: Унгарија – Грција и Русија – Турција.