Ентони Дејвидсон смета дека постарите возачи подобро се снаоѓаат во трките на издржливост

Од:

Возачот на прототипот LMP на Тојота, Ентони Дејвидсон, изјави дека постарите возачи се многу подобри во повеќе-часовните трки на издржливост, посебно ако се возат во класата LMP1, бидејќи во споредба со помладите колеги многу се поспособни во тек на долга трка да видат „поширока слика”. 

Дејвидсон во 2010 и 2011 година бил дел од возачката постава на LMP1 прототипови на Пежо, а Светскиот шампионат во трките за издржливост (WEC – World Endurance Championship) го освоил во 2014 година зад воланот на LMP1 на Тојота (иако Тојота ни тогаш за жал, не стигнаа ни до првата победа на трката 24 часа Le Mans).

Дека Дејвидсон е во право, можеби најдобро го потврдува фактот дека оваа сезона само тројца од 18 возачи, кои настапуваат во најпрестижната класа LMP1, се помлади од 30 години.
Без оглед на огромниот интерес за настапот во класата LMP1, Дејвидсон вели дека постарите возачи целата работа сепак ја вршат подобро.

„Младите возачи со себе носат голема енергија, но и голема доза на несигурност, што не е добра особина за повеќечасовни трки. Ако на сето тоа се додаде егото и себичноста, што е неприфатливо во состојба кога тројца возачи делат волан на ист автомобил, големи се шансите нешто да појде на лошо” – тврди поранешниот возач на Формула 1.

„Најдобрите возачи во трките за издржливост се тие кои долго време можат да одржат соодветен ритам, без осцилации кои доведуваат до губење на време, а тука постарите возачи дефинитивно се во предност над младите. Најдобар пример за моето тврдење веројатно е Том Кристенсен” – вели Дејвидсон.

Би можело да ве интересира

Давидовски ќе стартува од прв ред на последната трка од светско

Ана Ололовска

Вуков го скрши малерот во квалификациите, оптимистички ја најави трката во Мизано!

Ана Ололовска

Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!

Ана Ололовска

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Ботас ќе настапи на Трката на шампиони за прв пат во кариерата

Ана Ололовска

Нови бодови за Рико Вуков во „Порше Карера купот“

Ана Ололовска