Екс фудбалер на Арсенал ќе биде помошник тренер во Ливерпул

Од:

Холандскиот стручњак Џовани ван Бронхорст е назначен за помошник тренер на фудбалерите на Ливерпул, објави денес англискиот клуб.

Ван Бронхорст (50) со тоа ќе се приклучи на стручниот штаб на сонародникот Арне Слот.

– Тој освои многу големи признанија за време на својата играчка кариера, која вклучуваше периоди со Феенорд, Ренџерс, Арсенал и Барселона – се наведува на веб-страницата на Ливерпул.

Од 2015 до 2019 година, холандскиот стручњак го водеше Феенорд, со кого го освои холандското првенство во 2017 година.

Потоа работеше во Гуангжу, Ренџерс и Бешикташ.

Ливерпул ја освои Премиерлигата пред два месеци, а во првото коло од новата сезона ќе игра против Борнмут на 15 август.

Би можело да ве интересира

Галатасарај со минимална победа над Ливерпул во првото осминафинале во ЛШ

А1он

Се тресе фотелјата на Слот – Ливерпул киксна со претпоследната екипа во Премиерлига

А1он

Легендата на Ливерпул се бореше за живот: Страшно искуство, ама сега сум уште посилен

А1он

Хаос во Ливерпул – менаџерот Слот го исфрла Салах од составот за мечот со Интер во ЛШ

А1он

Ливерпул го „дочека“ Исак – и победа во Лондон

Предраг Петровиќ

Се „ниша столчето“ на Арне Слот во Ливерпул

А1он