Ечевери потпиша за Манчестер Сити

Од:

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити потпиша договор со младиот аргентински играч Клаудио Ечевери до јуни 2028 година, соопштено е денеска.

Ечевери (18) досега беше член на Ривер Плата. За првиот тим на Ривер Плата одигра само шест натпревари.

Ечевери беше капитен на Аргентина на Светското првенство за играчи до 17 години, кое се одржа кон крајот на минатата година во Индонезија. На Мундијалот постигна пет гола, а Аргентина заврши на четвртото место, бидејќи во мечот за третото место беше поразена од Мали со 3:0. Ечевери за репрезентацијата на Аргентина за фудбалери до 17 години одигра 23 натпревари и постигна 13 гола.

Би можело да ве интересира

Гвардиола пред мечот со Реал: Имаме еден процент шанса да поминеме

А1он

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Лејтон Ориент во ФА Купот

(ВИДЕО) Избувна пожар пред стадионот на Манчестер Сити

Горан Наумовски

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Манчестер Сити го совладаа тимот на Лестер на гостински терен со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1