Дваесет и четиригодишна девојка го обвини мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими дека ја силуваше во неговиот дом во Париз во 2023 година. Фудбалерот ги отфрли сите обвинувања.
Јавното обвинителство започна прелиминарна истрага во март истата година.
– Денес, самото обвинение за силување е доволно за да се покрене судска постапка. Не е фер кон оние кои се лажно обвинети, ниту кон вистинските жртви. Мирно го чекам судењето, бидејќи верувам дека вистината тогаш ќе излезе на виделина – напиша Хакими на својот профил на социјалната мрежа X.
Според извештајот, ноќта помеѓу 24 и 25 февруари 2023 година, девојката разменила пораки со својата пријателка додека одела во куќата на Хакими, откако се допишувале еден месец преку Инстаграм. Како што истакнала, средбата ја гледала како можност полесно да го преболи раскинувањето, но ѝ признала на својата пријателка дека била нервозна и не била сигурна дали е подготвена за таа средба.
Неколку дена подоцна, таа поднела пријава против фудбалерот.
– Оваа постапка се темели исклучиво на тврдењата на жена која, според наше мислење, одбила да соработува за време на истрагата – таа не се согласила на медицински преглед или ДНК анализа, не сакала да ѝ овозможи пристап до својот мобилен телефон, ниту да го открие идентитетот на клучен сведок – изјавила Фани Колин, адвокатка на Ашраф Хакими.
