Џикиќ: Овие момчиња заслужија да играат на Европското првенство

Од:

По пласманот на Македонија на Европското кошаркарско првенство во 2015 година, на средбата со новинарите селекторот Александар Џикиќ беше придружуван од целиот тим кој го оствари овој успех. На прес-конференцијата по дуелот со Белорусија се појавија сите играчи, стручниот штаб (со исклучок на тренерот Емил Рајковиќ) и комплетниот лекарски тим.

– Ја остваривме целта. Среќни сме и задоволни од постигнатото, но јас не сум задоволен од прикажаното, затоа што знам дека овие момчиња можат и многу подобро. Сепак, овие момчиња заслужија да играат на Европското првенство, изјави селекторот Џикиќ, дополнувајќи дека најважно од се е што Македонија во континуитетот ќе игра со најдобрите европски кошаркарски репрезентации.

Иако, пред почетокот на квалификациите остана без комплетната петорка која во минатото го носеше товарот во квалификациите, но и на Европските шампионати, предводникот на црвено-жолтите Џикиќ запрашан, дали постои можност за евентуални промени односно „џокер’’ за ЕП догодина, одговори:

„Не гледам причини за некои други кои сега не се тука. Овие играчи заедно со мене и стручниот штаб минаа низ стресни моменти и јас знам како тие реагираат на стрес. За некои други играчи не можам да коментирам, сега е рано да се зборува за Европско првенство. Но можам да кажам дека овие момци функционираа како тим. А, за тоа дали некому треба да му поставиме слика и да ја бакнуваме, не вреди да се зборува’’.

Би можело да ве интересира

Хендрикс најдобар скокач, Македонија со најмногу „тројки“ во квалификациите за ЕП

Ана Ололовска

Бојан Трајковски: Тие што не веруваа во нас ги поканувам да не гледаат на ЕП

Ана Ололовска

Познати учесниците на Евробаскетот во 2015 година

Ана Ололовска

Македонија по петти пат на Европско кошаркарско првенство

Ана Ололовска

Четири репрезентации обезбедија пласман на Евробаксетот 2015

Ана Ололовска

Македонија убедлива против Данска и на чекор до пласман на Евробаскетот 2015

Ана Ололовска