Две сребра за Макеоднија од Зимските олимписки игри на Специјална олимпијада Австрија2017

Од:

Атлетот Бојан Трајковски денеска пристигна во Скопје, со двете освоени сребрени медали на Зимските олимписки игри на Специјална олимпијада Австрија 2017.

– Многу сум среќен бидејќи ветив освојување на медал, а од Шладминг носам прекрасни спомени и два сребрени медали, вели 21-годишниот Трајковски.

Двете медали беа освоени во дисциплините алпско скијање, супер џи и велеслалом. Неговиот тренер Јован Јовановски е задоволен од настапот на Бојан и од комплетното искуство од Зимските олимписки игри на Специјлана олимпијада Австрија 2017.

– Овие олимписките игри се врвно организиран спортско-хуманитарен настан, кој во 10 дена нуди единствени искуства. Нашиот тим беше одлично подготвен и ги оствари очекувањата. Бојан скијаше и уживаше, а медалите се последица на тоа задоволство. Сребрата на Бојан во алпско скијање се само потврда за моќта на спортот“ – вели тренерот Јован Јовановски.

На Зимски олимписки игри на Специјална олимпијада Австрија 2017, учествуваа 2.700 атлети, 1.100 тренери од 107 нации, а се поддржани од 3.000 волонтери и се најголемите зимски олимписки игри во историјата на Специјална олимпијада воопшто. Натпреварите се одвиваа во три скијачки центри: Грац, Шладминг и Рамзау ам Дахштајн, а атлетите се натпреваруваа во девет дисциплини: уметничко лизгање, брзо лизгање, хокеј во сала, флорбол, одење по снег, алпско скијање, скијачко трчање, скијање на даска (сноубодинг) и стикшутинг.

Целите на овогодишните Зимски олимписки игри Австрија 2017 беа: јакнење на човековите права, Зголемување на бројот на учесници во новите спортови и создавање на партнерски програми.

Би можело да ве интересира

Специјалната олимпијада го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Бронза и за кошаркарите на Специјалната олимпијада во Абу Даби

Ана Ололовска

Кошаркарите од Специјалната Олимпијада со настап на полувремето на натпреварот Македонија – Швајцарија

Ана Ололовска

Средба на директорот на АМС со членовите на Специјалната олимпијада

Ана Ололовска