Две бронзени медали за македонските бадминтон репрезентативци

Од:

Македонските претставници кои учествуваа на меѓународниот турнир „Белград 2014“ викендов освоија две трети места.

Петар Живковски до бронзениот медал во категоријата машки поединечно стигна по победите над претставниците на Романија, Србија и Бугарија, а во борбата за финале беше тесно поразен од натпреварувачот од Хрватска со резултат 16:21 и 18:21.

И нашите две најдобри девојки до 15 години, Ели Кржаловска и Марта Димовска во категоријата женски двојки се закитија исто така со бронзен медал по победата во борбата за трето место над претставничките на домаќинот Србија во два сета и тоа 21:17 и 21:14.

– Овој успех, секако ќе биде поттик за уште побрз развој на бадминтонот како спорт во Македонија, позитивен сигнал за Бадминтон федерацијата дека се определила за вистинскиот правец и потврда на телата од Европската и Балканската aсоцијација дека со право ни ја доделија организацијата на Балканскиот шампионат кој ќе се одржи од 11 до 14 септември во Охрид, истакна претседателот на Бадминтон федерацијата на Македонија, Диме Стефановски.

На турнирот во Белград учество земаа повеќе од 80 натпреварувачи од 12 земји, меѓу кои Бугарија, Кипар, Хрватска, Турција, Романија, Австрија, домаќинот Србија, Македонија и други.

Би можело да ве интересира

Живковски обезбеди учество на силен бадминтон турнир

Ана Ололовска

Во Охрид одржано Балканско првенство во бадминтон

Ана Ололовска

Бронза за Македонскиот бадминтон тим на Балканскиот шампионат во Турција

Ана Ололовска