Пет ракометарки на Вардар, Андреа Лекиќ, Амандин Лејно, Барбара Лазовиќ, Маја Сокач и Ања Алтхаус денеска од 13 часот ќе продаваат билети, ќе потпишуваат автограми и ќе се фотографираат со сите што ќе дојдат во фан шопот во Спортскиот центар „Јане Сандански”.
Вториот дел од караванот што почна во саботата во „Сити Мол“, сега ќе биде во салата во СЦ „Јане Сандански” во фан шопот. Ракометарките ќе продавата билети, а сите што тука ќе го купат својот билет за натпреварот со Ѓер, закажан за 4 април, ќе добијат и картичка за попуст од 30 отсто на новата колекција што може да се искористи следниот викенд.
На дружењето ќе има промоција на новиот рекламен спот на „Витаминка за Деспина“, официјалниот бисквит на ЖРК Вардар.