Дејвид Бекам ја доби престижната титула „Сер“

Од:

Легендарниот Дејвид Бекам, глобална фудбалска икона и поранешна ѕвезда на Манчестер Јунајтед, ја доби престижната титула „Сер“ од британскиот крал Чарлс III, по повод неговиот роденден.

Ова извонредно признание, кое го дели со неколкумина избрани како што се легендите на Јунајтед, Сер Боби Чарлтон и Сер Алекс Фергусон, е доказ за неговиот извонреден придонес.

Бекам, чија кариера вклучува играње за ПСЖ, Реал Мадрид, Милан и ЛА Галакси, со 115 настапи за Англија, не го криеше своето воодушевување.

– Растејќи во Источен Лондон, никогаш не можев да замислам дека ќе добијам толку големо признание – изјави тој, нагласувајќи ја својата патриотска гордост.

Сепак, патот на Бекам до статусот „Сер“ не беше без предизвици.

Неговата кариера беше обележана и со моменти на контроверзии, како што е познатиот црвен картон против Аргентина на Светското првенство во 1998 година. Тој настан го претвори во мета на критики преку ноќ, но успеа да се издигне над нив.

Бекам е 14-тиот фудбалски работник во Британија со оваа титула, а на листата се наоѓа и Гарет Саутгејт, чие признание, со оглед на недостатокот на трофеи со Англија, предизвика дискусии.

Бекам, денес сопственик на Интер Мајами, каде што игра Лионел Меси, докажа дека неговото наследство е многу повеќе од резултатите на теренот.

Би можело да ве интересира

Бекам без двоумење: Меси е најдобриот играч на сите времиња

А1он