Актуелниот европски ракометен шампион Будуќност в недела повторно гостува во Скопје, на мегдан на македонскиот првак ЖРК Вардар, во дуел од елитната Лига на шампиони.
Лошата традиција во меѓусебните дуели со црногорската екипа е предизвик повеќе за избраничките на Индира Кастратовиќ, конечно да се стави крај на лошата серија против Будуќност.
– Ова е натпревар од големо значење за нас, не само затоа што доаѓа европскиот шампион, туку затоа што би требало првпат да го победиме Будуќност, за да ја поминеме таа психолошка бариера која трае подолго време, изјави тренерот на вардарки Индира Кастратовиќ.
Задачата нема да биде ни малку лесна свеснисе во редовите на црвено-црните, но се надеваат дека ќе ја повторат играта од пред неколку дена на гостувањето кај Букуреш, што е еден од предусловите вардарки на крајот да извлечат поволен резултат.
– Нетреба да се трошат многу зборови за противникот. Дололно е да потсетиме дека тие се актуелни шампионки. Знаеме дека не чека тешка задача, но девојките се подготвени. Тоа го докажаа и на средбата со Букурешт. Доколку ги намалиме осцилациите во играта, и доколку го подигнеме нивото на одбраната, верувам дека сме способни да направите одличен резултат, оптимистички зошто да не и победа, дополни Кастратовиќ.
Натпреварот меѓу ЖРК Вардар и Будуќност ќе се игра во недела со почеток од 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански“, а тој ќе биде последниот од претпоследното коло во групната фаза.