Црна Гора противник на Србија во финалето на ЕП во ватерполо

Од:

Репрезентацијата на Црна Гора ќе биде противник на Србија во финалето на Европското ватерполо првенство што се одржува во Белград.

Црногорците, синоќа во вториот полуфинален меч на шампионатот ја победија Унгарија со 8:5 и се изборија за место во големото финале. А таму за противник ќе го имаат главниот фаворит за златото домаќинот, селекцијата на Србија, која воедно е и бранител на шампионскиот трофеј.

А на женскиот дел од турнирот, во финалето ќе играат Холандија – Унгарија.

Ова откако вчера во полуфиналните натпревари Холандија минимално со 15-14 ја победи Шпанија, а Унгарија убедливо 10-5 ја совлада Италија.

Дуелот за златото во женска конкуренција меѓу Холандија – Унгарија е вечерва од 20 часот и 15 минути, а претходно од 18 часот и 45 минути во „малото финале“ за бронзата ќе се борат  Шпанија и Италија.

Европското ватерполо првенство завршува в сабота со распределбата на медали во машка конкуренција.

Од 16 часот и 15 минути Грција – Унгарија ќе играат за 3.место, додека финалето меѓу  Србија – Црна Гора ќе започне од 17 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство