Репрезентациите на Црна Гора и на Унгарија ќе се борат за златниот медал на ватерполо турнирот во рамките на Светскиот шампионат во пливачки спортови што се одржува во Барселона.
Во второто полуфинале, синоќа Црногорците беа подобри од селекцијата на Италија која го бранеше трофејот со резултат 10:8 (3:1; 2:0; 4:3 и 1:4).
Претходно, другиот финалист, репрезентацијата на Унгарија ја победи Хрватска со 11:10 (2:3; 4:2; 3:2 и 2:3).
Финалниот дуел е закажан за утревечер (22:15 часот), а истиот ден ќе се играат и другите натпревари за пласман меѓу кои и дуелот за третото место Хрватска – Италија (16:30 часот).