Чилиќ се повлече од турнирот во Пуне

Од:

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ нема да игра на турнирот во Пуне, Индија кој започнува на 31 декември.

Чилиќ на неговиот Инстаграм ја објасни својата одлука.

– За жал најавувам дека морам да се повлечам од турнирот. Се извинувам на навивачите и организаторите. Со нетрпение очекував да се вратам, но болката во моите колена, која се појави на крајот на сезоната, се интензивираше. Не можам да играм на турнирот, додека не биде подготвен за сто проценти. Ќе го пропуштам овој турнир бидејќи многу години сум на Нова Година на овој турнир во Индија. Се надевам дека следната година ќе се вратам на традицијата, истакна Чилиќ.

Турнирот во Пуне е од серијата 250 и има награден фонд од 527 илјади долари.

Би можело да ве интересира

Чилиќ се избори за полуфинале на Вимблдон

Наум Локоски