Фудбалерите на Челзи гостуваат во Рим на еден од дерби натпреварите од 4.коло во Лигата на шампионите кои ќе се играат вечерва.
Гостувањето на англискиот шампион предизвикува голем интерес, па на „Олимпико“ се очекува да бидат присутни рекорден број на навивачи сезонава.
Според најавите „римската волчица“ очекува вечерва на трибините на олимпискиот стадион да бидат присутни над 50.000 гледачи, кои ќе им дадат поддршка на фудбалерите на Рома во обидот да направат голем исчекор кон пласман во осминафиналето.
– Одигравме одличен натпревар во Лондон, па затоа очекувам вечерва голема подршка, која секако ќе ни значи многу во обидот да оствариме победа, изјави фудбалерот од средниот ред на Рома, Раџа Наинголан.
Првиот меч на овие два тима одигран пред две недели на „Стенфорд Бриџ“ заврши без победник 3:3, иако и Челзи, а потоа и Рома имаа предност и од два гола.
Дуелт, Рома – Челзи е во рамките од група Ц во која вечерва ќе играат и Атлетико Мадрид – Карабах.
Лондонскиот тим е лидер на табелата со 7 бодови, два повеќе од Рома 5, по која следуваат Атлетико Мадрид со 2 и Карабх со 1 бод.
Покрај овој натпревар вечерва ќе се играат и средбите:
Група А: Базел – ЦСКА Москва и Манчестер Јунајтед – Бенфика.
Табела: Манчестер Јунајтед 9, Базел 6, ЦСКА Москва 3, Бенфика 0.
Група Б: Селтик – Баерн Минхен и Париз Сен Жермен – Андерлехт.
Табела: Париз Сен Жермен 9, Баерн Минхен 6, Селтик Глазгов 3, Андерлехт 0.
Група Д: Спортинг Лисабон – Јувентус и Олимпијакос – Барселона.
Табела: Барселона 9, Јувентус 6, Спортинг Лисабон 3, Олимпијакос 0.
Сите натпревари ќе започнат во терминот од 20.45 часот.