Чаби Алонсо: Бевме одлични, но за титулата ќе зборуваме во мај

Од:

Баер Леверкузен направи еден од важните чекори кон освојување на титулата во германската Бундес-лига со победата (3-0) против aктуелниот лидер Баерн Минхен во големото дерби од 21. коло во шампионат. Сега тимот на Чаби Алонсо има големи пет бода предност најголемиот конкурент.

Сепак, стратегот на Баер Леверкузен остана смирен и покрај големиот триумф и потсети дека шампионот ќе се решава дури во мај.

„Направивме одлична работа, дисциплината и тимската сплотеност беа одлични. Настапот во целина беше одличен, сите играчи покажаа врвна претстава. Имавме доволно шанси, додека Баерн речиси и да немаше. Имаме одличен тим и играчи. Не можам да го сторам ова сам. Имаме одлична енергија во клубот и тоа е најважно. Нема тајна, играчите веруваат во себе, а ние сакаме да победуваме повторно и повторно. Нашите шанси за титулата? Ќе разговараме за тоа во мај. Сега само треба да бидеме реални и да се држиме со нозете на земја“, изјави Чаби Алонсо.

Би можело да ве интересира

Баер ја освои титулата без пораз, фудбалерите на Келн испаднаа од Бундеслигата