Христијан Бузалковски од Ендуро тимот Вардар на трката од БМУ Европскиот Шампионат која се одржа во Плевен Бугарија викендот успеа да дојде до максималниот број на бодови и да се искачи на највисокото скалило на победничкиот подиум.
Во конкуренција од 12 натпреварувачи македонскиот мотоциклист беше убедливо најбрз почнувајќи од првиот тренинг во саботата па се до трката.
– Во квалификациите Бузалоковски имаше најбрзо време 1.53.700 со кој го подобри својот личен рекорд и стартуваше од пол позицијата за во трката да го собори својот рекорд со време од 1.52.600 и да го остави второ пласираниот на 11 секунди зад него на крајот од трката, соопштија од тимот Вардар.