Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон на 48 години одлучи да јго заврши средното училиште и да ја положи матурата, откако пред повеќе од три децении го прекинал образованието.
Поранешниот голман на Јувентус и италијанската репрезентација, кој во кариерата стана светски шампион и освои 10 титули во Серија А, се запишал на приватниот Институт „Маркони“ со цел да го заврши образованието.
Buffon torna a studiare per il diploma che a 18 anni aveva comprato: 'L'errore più grande, ora niente scorciatoie' https://t.co/a3wwOIxN5V
— Corriere della Sera (@Corriere) September 18, 2026
Буфон објаснил дека одлуката ја донел првенствено за себе и за своите родители, но и за да им биде позитивен пример на своите деца. Со тоа, како што навел, сака и да го разбие стереотипот дека фудбалерите се незаинтересирани за образованието.
Поради неговите професионални обврски, училиштето подготвува прилагодена програма за учење на далечина, која ќе му овозможи да се подготви за завршниот испит. Буфон веќе го посетил училиштето и разговарал со учениците, споделувајќи ги со нив своите животни искуства, успесите, но и грешките од минатото.
Една од нив е поврзана токму со неговото образование. Буфон претходно јавно призна дека на 18 години купил диплома од економско училиште. Тој тогаш го опишал тоа како непромислена грешка од младоста и признал дека никогаш не бил горд на таквата одлука.
„Тоа беше погрешен пат. Јас не сум човек кој бара полесен начин во животот“, изјавил Буфон во минатото.
Сега, на 48 години, поранешниот голман одлучил да го заврши средното образование на редовен начин и да ја положи матурата.
