Репрезентацијата на Бразил ноќеска го победи Чиле со 1:0 во четвртфиналето од Копа Америка. Единствениот гол во 46. минута го постигна играчот за врска на Лион, Лукас Пакета.
Неколку минути по постигнувањето на голот, Бразилците останаа со фудбалер помалку, бидејќи црвен картон доби Габриел Жезус.
Во полуфиналето на турнирот, Бразил кој е домаќин на купот, ќе игра против Перу, кој претходно на пенали го победи Парагвај.
Другите четвртфинални двојки се: Уругвај – Колумбија и Аргентина – Еквадор.