Македонскиот репрезентативец Ардијан Аземи обезбеди најмалку бронзен медал на младинското Европско првенство во бокс кое се одржува во Будва по победата против хрватскиот боксер Дује Гацина во четвртфиналето.
До четвртфиналната победа против Хрватот Кристијан Дује Гаќина, нашиот најголем боксерски талент дојде со едногласна одлука на судиите.
Успехот на Арди е историски резултат за македонскиот бокс во младинска конкуренција, порачуваат од боксерската федерација.