Фудбалерот на Пари Сен Жермен и аргентински репрезентативец Лионел Меси е прогласен за светска спортска ѕвезда за 2022 година во изборот на Би-Би-Си.
Меси ја освои титулата светски првак со репрезентацијата на Аргентина на неодамнешното Светско првенство во Катар. Аргентинскиот фудбалер беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Катар, а на овој Мундијал постигна седум гола.
„Гаучосите“ по подобро изведување пенали ја победија Франција во финалето на Светското првенство.
Би-Би-Си потсетува дека Меси на другите трофеи ја додаде титулата светски првак, која ја освои додека играше за Барселона и ПСЖ. Седум пати ја освојуваше „Златната топка“ за најдобар играч на годината.
Со Барселона освои 35 трофеи, а еден со ПСЖ.