Кошаркарките на Бадел 1862, со пораз го започнаа својот настап во регионалната Јадранска лига.
Во натпреварот кој се одигра попладнево во СРЦ „Кале„ кошаркарките на Бадел за кои ова е деби настап во регионалната лига загубија од хрватската екипа Тршњевка од Загреб со 72:49.
Митрашиновиќ со 15 поени, беше единствената кошаркарка во редовите на Бадал која средбата ја заврши со двоцифрен број постигнати поени, додека кај гостите од Загреб дури четири кошаркарки беа двоцифрени.
Ова беше натпревар од 1. коло во група Б, во која скопјанки за противнички ќе ги имаат и шампионите на Словенија тимот на Цеље, на Босна и Херцеговина – екипата на Челик и на Србија – составот на Радивое Кораќ, тим кој воедно е и актуелен шампион на лигата.