Бадел домаќин на Нирнберг од Германија

Од:

ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода в петок (30 август) е домаќин на женскиот кошаркарски клуб „POST SV Nirnberg“. Пријателскиот натпревар ќе се одигра во спортската сала „Независна Македонија“ со почеток од 11 часот.

– Ова е возвратна посета од страна на кошаркарките од Нирнберг, по престојот на нашите девојки на гости кај нив, минатата година, кога воспоставивме одлични односи помеѓу двата клуба. За време на престојот на германскиот тим во Скопје, ќе се реализира богата програма. Девојките заеднички ќе тренираат, ќе разменуваат искуства, а ние како домаќини ќе им овозможиме и културно историски разглед на нашиот град, соопшти клубот од Кисела Вода.

Во рамки на долгогодишната соработка на збратимените градови, Нирнберг и Скопје, денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе се сретне со кошаркарките на клубовите од Германија и Македонија.

Девојките од двата клуба првиот заеднички тренинг го одржаа во Кисела Вода. Следниве денови тие ќе тренираат на планината Водно, ќе го посетат кањонот Матка, а планирано е во Скопје да проследат и дел од натпреварите на Европското првенство во женска кошарка, А дивизија, за девојки под 16 години.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска