Кошаркарките на Бадел 1862 се освојувачи на првиот трофеј наменет за победникот во женскиот Суперкуп, кој од оваа сезона ќе го носи името на „Драган Василов Цевка“.
„Баделки“ вечерва беа многу подобри од Баскет КАМ, и славеа победа со убедливи 88:72.
Во мечот за Суперкупот во машка конкуренција вечерва од 19:30 часот ќе играат МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.