Авдил Салиху е прогласен за Менџер и Мечмејкер за 2021 година од страна на Професионалната боксерска федерација на Северна Македонија „Про бокс Македонија“.
Овој успех Салиху го постигна затоа што со неговите боксери и посредувањата се појави на многу познати настани како во Германија, Швајцарија, Италија, Белгија, Косово и во некои други европски земји.
Тој минатата година успеа да биде и промотор на два големи настани во Косово, каде неколку спортистите се закитија со титули. Меѓу титулите со кои посредувал и кои имаат посебна вредност во професионалниот бокс се WBC и IBF.
– По максималната работа на професионалните боксерски арени каде што неколкупати бев организатор на повеќе светски признати титули, денеска дојде и наградата од Професионалната боксерска федерација на Македонија, со пофалба за Менаџер и Мечмејкер за 2021 година. Голема благодарност до претседателот Дарко Чатлески од кој максимално ме поддржуваше од моите почетоци, благодарен сум и на моите соработници во светот. Моите планови се следната година да почнам да се организирам настани и во Македонија, каде што одредив неколку градови како Скопје, Штип, Кичево, а централниот ќе биде во прекрасниот град Струга каде што ќе се појават многу големи имиња во рингот, изјави Авдил Салиху.
Натпревари за титула со посредство на Салиху за 2021се „WBF Intercontinental – Middle“ меѓу Виктор Лонаски и Оскар Фико; „UBO WORLD – Super Middle“ меѓу Камер Малоку и Бошко Мишиќ; „UBO WORLD YOUTH – Super Welter“ меѓу Едмонд Зефи и Кристијан Мазон; „UBO INTERNATIONAL – Cruser“ меѓу Лабинот Хоџај и Марко Мононен; „WBC YOUTH – Super Welter“ меѓу Набил Месауди и Едмонд Зефи; „WBC MEDITERAN – Light Heavy“ меѓу Малик Зинад и Алмир Шкрељ; „IBF INTERNATIONAL – Cruser“ меѓу Исак Чемрлен и Дилан Прашовиќ.