Аталанта ја победи Верона со четири гола на Матео Ретеги

Од:

Фудбалерите на Аталанта денеска на гостински терен ја совладаа Верона со 5-0 во натпревар од 24.коло во Серија А.

Матео Ретеги постигна четири гола за тимот од Бергамо, во 21., 25., 44. и 56. минута. Погоди и Едерсон во 37. минута.

Ретеги со денешните четири гола се зацврсти на врвот на листата на стрелци во италијанскиот шампионат со 20 погодоци.