Анчелоти: Роналдо е најдобриот Бразилец што сум го тренирал

Од:

Италијанскиот фудбалски стратег – Карло Анчелоти беше претставен како нов селектор на бразилската репрезентација на прес-конференција во Рио де Жанеиро пред повеќе од 250 претставници на медиумите.

Анчелоти ќе го има своето деби на клупата за Бразил во квалификациските натпревари против Еквадор и Парагвај во јуни. Меѓу другото, тој одговараше на прашања за бразилските фудбалери што ги тренирал во клубовите.

„Најдобриот Бразилец што некогаш сум го тренирал беше Роналдо. Тој беше спектакуларен техничар и еден од најсмешните луѓе на светот. Најголемиот професионалец што го тренирав беше Кафу, а Милитао и Винисиус ме прават најмногу да се смеам. Би додал за Винисиус дека тој е многу скромен, скромен човек“ рече Италијанецот.

Затоа секогаш зборувам добро за тие играчи. Имам многу добра врска со нив. Веднаш ме повикаа и ми честитаа кога станав селектор.

„Во мојата кариера тренирав 34 Бразилци и имав проблеми само со еден. Нема да кажам кој беше“, заврши Анчелоти.

Би можело да ве интересира

Карло Анчелоти: Бразил го освојува Светското првенство со одбрана, а не со напад

А1он

Поранешен ѕидар од втора бугарска лига стигна до можност да го предводи нападот на Бразил на Мундијалот 2026

А1он

Анчелоти: Модриќ е фантастичен талент со оглед на неговата генетика

А1он

Анчелоти: Бразил доби тешка група на Мундијалот

А1он

Дунга: Бразилците се европеизираа, порано тоа беше неприфатливо

А1он

Загина 18 годишен фудбалер – брат му го застрела додека го чистеше пиштолот

А1он