Анчелоти: Поминав незаборавно време во Реал, не сум фрустриран

Од:

Ден откако дефинитивно беше потврдено дека Карло Анчелоти е нов тренер на бразилската фудбалска репрезентација, за што се шпекулираше со месеци, па и со години, се огласи и самиот тренер на Реал Мадрид.

Од прес-конференцијата, договорена поради обврските со „кралевите“, набрзо прерасна во размена на прашања и одговори на тема неговиот ангажман со „кариоките“, бидејќи работата е атрактивна во двете насоки.

„Секогаш имав на ум дека еден ден сè завршува. Во Реал си поминав одлично, мислам дека и другите, но доаѓа момент кога сè завршува. Фудбалот е како животот, нешто почнува и завршува. Никогаш не сум имал проблем со клубот и никогаш нема да имам“ рече Италијанецот.

Неговата следна задача ќе започне ден откако тимот од „Сантијаго Бернабеу“ ќе го одигра последниот натпревар на домашната сцена, бидејќи ќе го предводи Чаби Алонсо, Шпанецот чија ера ќе започне по разделбата со германски Баер Леверкузен.

„Тоа е многу важен предизвик, но сакам да го завршам добро последниот дел од фантастичната авантура овде. Знам дека ве интересира што мислам и што сакам да направам, но времето е она што ми остана овде, од почит кон овие навивачи и овие играчи“, објаснува популарниот Карлито.

Иако неговата разделба со Мадрид беше принудена од сезоната на неостварени амбиции во Ла Лига, Купот на кралот и Лигата на шампионите, стратегот не си заминува со горчина од обраќањето, каде направи толку многу во два мандати. Сосема спротивно.

„Не сум фрустриран, Освоив единаесет титули за четири години. Повторувам, тоа беше незаборавно време. Не се каам за ништо, дадов се од себе”, подвлекува уште еднаш Анчелоти.

Според него, нема потреба да му дава никакви инструкции на неговиот наследник, убеден е дека Алонсо е вистинскиот избор.

„Немам никаков совет да му дадам, тој ги има сите алатки за да биде тренер на Реал Мадрид во иднина“, јасен е Анчелоти.

Би можело да ве интересира

Анчелоти за неговата иднина во Реал: Сè е можно во фудбалот, ми се допаѓа оваа работа

А1он

Саки: Реал донесе напаѓач кој требаше да биде феномен, но тој тоа не е

А1он

На Анчелоти му пресуди елиминацијата од Арсенал, ја напушта клупата на „кралевите“?

А1он

Анчелоти: Ќе биде тешко да се одбрани титулата, но ќе се бориме

Шпанскиот суд бара четири години и девет месеци затвор за тренерот на Реал Мадрид, Анчелоти

Горан Наумовски

На Карло Анчелоти му се заканува затворска казна

А1он