Алонсо прави чистка во Реал Мадрид

Од:

Чаби Алонсо закажа состанок со пет играчи на 4 август, на кои, според тврдењата на шпанските медиуми, ќе им каже дека повеќе нема место за нив во клубот.

Станува збор за Родриго, Ферланд Менди, Давид Алаба, Дани Себаљос и Ендрик.

Како што пишува АС, Реал е отворен за продажба на Родриго, Менди и Алаба, додека Себаљос и Ендрик сè уште имаат одредена неизвесност.

Одлуката треба да се донесе по состанокот со Алонсо.

Наводно, Давид Алаба, не се согласува со раскинување на договорот, а заработува 22,5 милиони евра годишно. Според извештаите, тој е еден на оние на кои Алонсо дефинитивно не смета.

Најблиску до заминување досега е Бразилецот Родриго. Многу европски гиганти се заинтересирани за него, а најконкретен е Арсенал.

Ова лето, Реал Мадрид се впушти во сериозна реконструкција на тимот.

Одбраната беше значително зајакната со доаѓањето на Дин Хујсен, Алваро Карерас и Трент Александар-Арнолд.

Пристигна и младиот напаѓач Франко Мастантуоно, додека Лука Модриќ, Лукас Васкез и стоперот Хесус Ваљехо го напуштија клубот.

Би можело да ве интересира

Романо: Реал се договори со „специјалниот“

А1он

Чаби Алонсо станува тренер на Челси

А1он

Шпанците потврдија – Мурињо е новиот тренер на Реал Мадрид

А1он

Речиси 50 милиони потписи собрани за Мбапе да си оди од Реал Мадрид

А1он

На Чуамени и Валверде им се заканува суспензија до 20 натпревари

А1он

Селекторот на Аргентина кандидат за нов тренер на Реал Мадрид

А1он