Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија

Од:

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска за нов претседател го избра Александар Стефанов, давајќи му доверба на досегашниот член на Управниот одбор да го води македонскиот ракомет во следните четири години.

Стефанов беше избран за прв човек на РФМ со акламација на редовното изборно Собрание во Скопје како единствен кандидат, на местото на долгогодишниот претседател на РФМ Живко Мукаетов.

„Во ракометот сум 26 години, како поранешен играч и дел од РК Бутел. За мене ракометот беше и ќе остане најголема пасија и мотив да продолжиме да го унапредуваме и промовираме македoнскиот ракомет“, истакна по изборот Стефанов во иднина

Смената на претседателското место доаѓа, откако Мукаетов се повлече од должноста која со голем успех ја извршуваше изминатите 12 години во кои ги крена стандардите на клупскиот и репрезентативен ракомет во Македонија.

„За 12 години, колку што траеше мандатот на оваа раководна гарнитура, не само што успеавме да го реализираме зацртаното, туку патем, се справивме и со бројни предизвици на кои им посветувавме должно внимание, со цел македонскиот ракомет да функционира на завидно ниво“, порача Мукаетов.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Ракометната федерација на Македонија доби специјален дрес од „СОС Детско село“

Македонската и српската ракометна федерација договараат соработка во младинските категории и стручниот кадар

Ана Ололовска

Одложено ракометното коло поради смртта на Даниловски

Ана Ололовска

РФМ ги исклучи Начевски и Хајредин

РФМ ги определи наградите за машката и женската сениорска репрезентација

Ана Ололовска