Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина, потресот се почувствува и во Хрватска

Од:

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 14.15 часот, во Босна и Херцеговина.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 50 километри југоисточно од Мостар.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.

Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

Граѓаните велат дека земјотресот бил добро почувствуван.

„Во Требиње добро се тресеше“, напишаа тие во коментарите на EMSC.

Има и дописи од граѓани од Хрватска.

„Добар удар, силно се тресеше во Дубровник“, напишаа тие.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во БиХ – краток, но со силен татнеж

А1он

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина