Притворот за Берош е предложен поради можно влијание врз сведоци, адвокатот поднесува жалба

Од:

Заменик-директорот на Хрватската канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) Крешимир Острогонац денеска изјави дека поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош е обвинет за кривични дела злоупотреба на положбата и овластувањата, како и трговија со влијание во криминална организација, а адвокатката на Берош Лаура Валковиќ вели дека законот предвидува многу поблаги мерки од притворот и дека ќе поднесе жалба.

Острогониќ потсети дека надлежниот обвинител УСКОК донел решение за спроведување истрага против три физички и две правни лица, а еден од нив бил и Берош.

„Тој се товари за кривични дела злоупотреба на положба и овластување и кривични дела тргување влијание како дел од злосторничко здружување, а останатите две лица се товарат за кривични дела примање и давање поткуп и кривични дела противзаконско фаворизирање и како дел од злосторничко здружување“, рече Острогонац за РТЛ.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Никој не добил мандат да работи на црно, ќе има последици

Горан Наумовски

Берош и Поздер завршија во притвор

Хрватскиот екс министер за здравство со лисици заврши пред истражен судија

Горан Наумовски

Поранешниот хрватски министер за здравство Берош ноќта ја мина зад решетки по сослушувањето

„Берош обвинет за тргување со влијание, а не за мито“, вели главниот државен обвинител на Хрватска

А1он

Министерот за здравство во Хрватска се сомничи дека зел поткуп од 75.000 евра

А1он