За убиство на полициски началник во БИХ организаторот и извршителот добија 63 години затвор

Од:

Судот во БиХ прогласи двајца мажи за виновни за убиството на началникот на полицијата во Приједор – Раденко Башиќ, и ги осуди на вкупно 63 години затвор.

Далибор Раилиќ беше осуден на 29, а Александар Миљатовиќ на 34 години затвор.

Двајцата беа прогласени за виновни за едно од најбруталните злосторства во повоена БиХ. Злосторството е извршено на 21 март 2022 година, кога Башиќ, тогашен началник на одделот за криминалистичка полиција во Приједор, беше убиен со огнено оружје во заседа во близина на семејна куќа во населбата Пеќани.

Случајот беше опишан како класична егзекуција бидејќи беше убиен со истрел одзади во главата од блиску.

Судот го осуди Раилиќ како организатор на тоа убиство.

Истрагата утврди дека тој бил организатор на криминална група која се занимавала со нелегална трговија со наркотици и дека го организирал убиството на Башиќ за да ја спречи полициската истрага за извршените злосторства, односно за синџирот на шверц на дрога од Колумбија и Црна Гора до Босна и Херцеговина, од каде што потоа наркотиците биле препродавани во странство.

Миљатовиќ, од друга страна, беше осуден како директен извршител на убиството.

Раилиќ го ангажираше нудејќи му сума од 50.000 евра за ликвидација на началникот Башиќ.

Целиот случај и неговата позадина беа расветлени делумно благодарение на меѓународната полициска соработка, односно дешифрирањето на заштитените апликации Sky и Anom, кои стотици членови на организирани криминални групи од Босна и Херцеговина ги користеле со години за да комуницираат едни со други.

Би можело да ве интересира

Додик: БиХ нема да стане членка на НАТО

А1он

„Седам во затворска ќелија, а околу мене убијци и силувачи“ – екс играчот на Арсенал и Ливерпул ја отвори душата

А1он

Во Бања Лука се уништени повеќе од 1.500 парчиња оружје

А1он

Земјотрес со јачина од 3,5 степени ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Снег во Србија и во БиХ

Голдшмит: Босна и Херцеговина дефинитивно не е подготвена да биде вклучена во ЕУ