За осум месеци под истрага 243 полицајци во Албанија, 61 се во притвор

Од:

Агенцијата за надзор на полицијата, АМП, во изминатите 8 месеци од годинава, до обвинителството поднела пријави против 243 полициски службеници, од различни сектори, како и четворица припадници на Националната гарда.

Повикувајќи се на месечните извештаи на АМП, во овој период уапсени се 61 полициски службеник, главно осомничени за злоупотреба на службената положба и корупција, но и за други кривични дела, како непостапување или самоволни дејствија.

Само во месец август оваа Агенција испратила 26 државни полицајци на истрага во обвинителството.

Два од најсензационалните случаи на апсење полицајци во текот на изминатиот месец е апсењето на оперативецот, Јетон Лами, обвинет за злоупотреба на службената должност, како лице кое со автомобил го придружувало Ервис Мартинај, многу баран од полицијата. Додека на почетокот на август беше уапсен комесарот, Ариан Тасе, кој со чамец што го возел на плажата Потами, кај Химара, ја усмрти 7-годишната Јонада Авдиа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Албанија се демонтираат камери поставени од криминалци за ја следат полицијата

А1он

Албанската полиција доби нов генерален директор

А1он