Вучиќ откри што рекол убиецот по апсењето: Ѓубре едно, во Србија најде да го славиш Хитлер

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека уапсениот убиец од Младеновац носел маица со нацистички симболи. Тој во обраќањето до јавноста по вториот масакр во рок од два дена откри што рекол убиецот по апсењето.

Вучиќ рече дека убиецот од Младеновац повторувал еден збор – „омаловажување“. Тоа го кажа сто пати, на прашањето за мотивите на злосторството.

Тој кажа и дека уапсениот убиец од Младеновац носел маица со нацистички симболи.

– Во Србија најде да го славиш Хитлер, кој уби толку луѓе овде? Ѓубре едно. Тука баш најде да му се восхитуваш. А на полицајците и викал: „Почит, почит“, кога го уапсија – додаде претседателот. Вучиќ кажа и дека побарал враќање на смртната казна во Србија, но бил одбиен од Владата. Тој порача дека убиецот нема никогаш да излезе од затвор.

Би можело да ве интересира

Момчето-убиец и Урош Блажиќ учеа да пукаат на исто стрелиште, тврди Блиц

Ана Ололовска

Полицаецот и неговата сестра седеле на клупата, ги убил двајцата од назад

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Како српската полиција го уапси убиецот од Младеновац: Објавени и снимки од арсеналот оружје што го имал со себе

Ана Ололовска