Вучиќ: Нема да има преодна влада

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во гостувањето на тв Пинк изјави дека испратил писма до носителите на листата за консултации за формирање на нова влада.

– До вечерва добивме се што треба да добиеме на увид. Пет или шест листи се пријавени за да дојдат на консултации. Таму се е информативно, почнуваме со тој дел од работата и ќе ја завршиме до петти. Оваа група ќе ја примаме секојдневно, ќе разговараме со нив и очекувам како најголема пратеничка група и како последен да ме информираат дали луѓето од СНС сакаат да формираат влада или не. Не сакам нови избори, но она што е сигурно е дека сум сигурен дека во СНС нема расположение, за каква било преодна влада. Така што тие што велат, од опозицијата, дека нема да учествуваат во управувањето со преодната влада, можат да бидат опуштени – нема да има преодна влада – рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Србите го демантираат Орбан: Украина нема врска со експлозивот кај гасоводот

ВИДЕО: Орбан отиде на границата со Србија, поради „експлозивот на гасоводот“

Вучиќ не сака да се кандидира за премиер на Србија

А1он

Вучиќ за Милановиќ: „Не сум негов пион, не припаѓам во Бриони“

А1он

Милановиќ поради Вучиќ го откажа Процесот Брдо-Бриони: Не е можно српскиот претседател да дојде во Хрватска

А1он

Вучиќ и Рама заеднички бараат делумна интеграција во ЕУ