Вучиќ: Не знаат како да победат, па политичките губитници ја навредуваат мајка ми

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во врска со новите напади на неговата мајка изјави дека неговите политички противници, кои ги нарече губитници, повторно употребиле најодвратни зборови и лаги за неа, но тој им порача дека никогаш нема да ги „чепне“ нивните семејства.

„Последниве денови, по проверен рецепт, кога не знаат како да ги победат поуспешните од нив, моите политички противници виновникот го најдоа во мајка ми Ангелина. Повторно ги употребија најодвратните зборови и лаги“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Заедно со објавата тој сподели слика со родителите во зградата на Претседателството на Србија.

„Мајка и татко ме посетија заедно за првпат во зградата на Претседателството на Србија. Благодарен сум им за сета грижа и љубов што ја дадоа на мене и на мојот брат, како и на нашите деца.

„Ние Вучиќ не можеме доволно отворено да ги покажуваме емоциите, но секогаш сме заедно и тоа никој не може да ни го одземе“, истакна претседателот на Србија.

Тој им порача на политичките противници дека нивните семејства никогаш нема да бидат допрени.

„Мојата порака до политичките губитници е дека за мене нивните семејства и нивните мајки се свето нешто кое никогаш нема да го допрам, а вие како сакате“ рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Парламентарните избори може да се одржат на 8 јуни

А1он

Вучиќ изрази сочувство за трагедијата во Кочани: Србија е секогаш со своите пријатели, подготвена да помогне

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Нема да има преодна влада додека сум жив, нема да прифатам уцени

Вучиќ: Сите кои учествуваат во подготовката на државниот удар ќе одговараат според законот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ: Животот и го посветив на Србија, секогаш кога другите ги сметаат за кукавици – тргнуваат од себе

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Србија никогаш нема да го поддржи апсењето на Милорад Додик