Вучиќ: Настрешницата не падна поради корупција

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во гостување на телевизија Инсајдер рече дека „Во Србија работите се засноваат на уставот, но има нешто што е реалност дека јас не сум надлежен за никого, туку јас сум виновен за сите. Сите останати би зборувале за она за што јас не сум одговорен и би ме обвинувале за тоа“.

Тој посочи дека денеска првиот воз тргна од Крагуевац полн со возила „фиат панда“ и се упати кон западноевропскиот пазар, како добра вест важна за сите граѓани.

Потоа, претседателот одговори на прашање за трагедијата што се случи на први ноември во Нови Сад, кога настрешницата на станицата се урна и однесе животи на 15 лица.

– Затоа што се работи за класична манипулација. Ја кажав вистината, градежно не се изврши реконструкција, а да се случеше тоа немаше да падне настрешницата. Настрешницата не е конструктивно реконструирана. Дадов точни информации. Некој би ја проверувал статиката, некој ја проверувал корозијата на каблите и ја менувал. Не знам зошто тоа не е направено, јас не сакам да шпекулирам затоа што не сакам да обвинувам некој друг. Обвинителството ја спроведе истрагата во најкус можен рок – рече претседателот Вучиќ.

– Многу згради немаат употребна дозвола, мостот Ада немаше употребна дозвола 10 години, а железничката станица имаше привремена. Она што можеше да го направи државата е да започне истрага, изразивме сочувство. За жал, такви трагедии се случуваат. Важно е да ги испитаме нашите грешки, не само за да бидат казнети одговорните лица, туку и такви трагедии да не се случуваат или да се случуваат во помала мера, како во сите други земји во светот – објасни претседателот на Србија.

Четири дена по падот на настрешницата, претседателот рече дека не е виновна корупцијата, туку професијата.

– Изградбата е направена според меѓудржавни договори. Кога работите со Народна Република Кина, со која беше потпишан меѓудржавен договор во 2009 година, нема никакви проблеми и тајни. Прашуваме каква работа ќе се работи. Тоа е добар меѓудржавен договор. Имавме над 1.000 жртви бидејќи не изградивме автопати, а спасивме и многу животи преку меѓудржавни договори. За мене улицата нема да води политика. Кој е виновен ќе одговара, правдата мора да биде задоволена. Да им помогнеме на семејствата, да извлечат поуки – рече претседателот Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: За 10 години направивме колку Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

Вучиќ: Мојот став не е променет во однос на преодната влада, ниту улицата ќе го смени

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Среќен сум што го променивме ликот на Србија

А1он

Вучиќ: Секогаш сум за дијалог, затоа го нудам, разговорот е лековит, важен и корисен

А1он

Вучиќ: Имаме речиси пет милијарди евра на сметка, БДП годинава достигнува 90 милијарди

А1он