Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

Од:

„Ако е загрозена безбедноста на Москва, ви велам, тој нема да се двоуми и ќе употреби нуклеарно оружје. Прашањето е дали сме подготвени за тоа. Ние сме целосно неподготвени за тоа“ изјави српскиот претседател Александар Вучиќ обраќајќи и се на јавноста.

Тој рече дека е горд што на 1.000-тиот ден од војната во Украина, Србија не подлегнала на притисоците да ги промени своите ставови и водела одговорна политика.

„Ова нè води кон светска катастрофа. Денеска со американски ракети беа нападнати магацини со руска муниција. Кој било следен чекор води кон војна. Затоа мислам дека никој нема да се воздржува од оружјето кое го има. Малкумина го знаат Путин како што јас го познавам“ – порача Вучиќ.

„На Запад ќе речат дека Путин игра игри, јас ќе кажам дека малку луѓе го познаваат како мене. Ниту се фалам со тоа, ниту се критикувам себеси, но кој мисли дека го нема видено Путин во животот. Тоа е како кога ќе ми кажат „Вучиќ е пред бегство од државата“, мора да е будала. Давам сѐ за Србија. Така велат за него „да се закани со празен пиштол ако е загрозена безбедноста на Москва и нејзините сили, ако нема излез, однапред можам да ви кажам дека нема да се двоуми ниту еден час“. Во овој момент сме целосно неподготвени, имаме 257 илјади места во скривниците. Треба да ја обновиме инфраструктурата за да дојдеме до бројката од околу милион и пол луѓе кои можат да одат во скривници. Ќе треба да разговараме со луѓе кои имаат теретани, перални, продавници…“ – рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он

Вучиќ: Не го советував Весиќ да поднесе оставка, но покажа човечка одговорност

А1он

Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Србија е сцена на хибридна војна на странски служби

А1он

„Политико“: Балансирање на Вучиќ меѓу Истокот и Западот – европски „љубовен“ триаголник

А1он

Вучиќ: Не знаат како да победат, па политичките губитници ја навредуваат мајка ми

А1он