Вучевиќ: Оние кои сакаат отцепување на Војводина протестите ги гледаат како можност за нивните планови

Од:

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека за опозицијата која сака отцепување на Војводина, брановите протести се можност да се стават вакви планови на маса, додавајќи дека предводници на ова се Горан Јешиќ и Динко Грухоњиќ.

Вучевиќ за ТВ Пинк изјави дека ова прашање не се појавило одеднаш и дека оние кои сонуваат за тоа и политички се борат за такво сценарио виделе можност по трагедијата од 1 ноември минатата година.

– Брановите протести се можност да ги стават овие проекти на маса. Тоа нема никаква врска со трагедијата. Како некој што живее таму и е роден таму, чувствувам потреба да истакнам дека не е исто наратив кога ги имаме овие компликации во општеството во Чачак, Ваљево, Ниш и во Нови Сад. Го видовме во Црна Гора горе-долу истото сценарио, истакна Вучевиќ.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Не сакаш да работиш, не мораш, нема плата, државата нема да плаќа за безделничење

Вучевиќ: Најдобро е Србија да добие нова влада

Вучевиќ: Акцијата во борбата против корупцијата во Ниш покажа дека нема заштитени луѓе

Вучевиќ: Блокадите немаат врска со несреќата во Нови Сад

А1он

ВИДЕО: Падна владата на Србија, Милош Вучевиќ поднесе оставка

Горан Наумовски

Српскиот премиер Милош Вучевиќ ќе поднесе оставка

Горан Наумовски