Во сообраќајка во Будва загина 73-годишна македонска државјанка

Од:

О.П.(73), државјанка на Македонија загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случи во црногорскиот град Будва.

Несреќата се случила на Јадранскиот пат, а жртвата бил пешак, информираат од Оперативно-комуникацискиот центар (ОКЦ) на Полициската управа.

Во неа удрило возило додека ја преминувала улицата во близина на зградата на Комуналната полиција, на стотина метри од главните семафори.

Како што соопштија од полицијата, сообраќајката се случила околу 45 минути по полноќ кога во неа удрил автомобил управуван од М.М.(28) од Тиват.

Сообраќајот бил во прекин и пренасочен кон околните сообраќајници.

По наредба на Основното државно обвинителство истрагата ја спровела сообраќајната полиција на Одделението за безбедност во Будва. Телото на жртвата е испратено на обдукција, додека возачот е уапсен.

Би можело да ве интересира

Србин силувал жена на плажа во Будва, во тек е потрага по него

Во Будва се уапсени членови на мафијашки клан

Српски државјанин осомничен за киднапирање на невенчана сопруга е уапсен во Будва

Будва остана без струја

Горан Наумовски

Голема ајкула тешка 200 килограми е уловена во Будва

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снимка на сезоната: Се „врти“ јагне на ражен на плажа во Будва

Катерина Ѓуровски