Во Сараево во тек пребројување на гласачки ливчиња за претседател на Република Српска

Од:

Во Главниот центар за броење гласови во Сараево во тек е пребројувањето на гласачките ливчиња за претседател на Република Српска.

-Во овој момент навистина е тешко да се предвиди колку ќе трае пребројувањето, но тоа се врши во три смени, со набљудувачи, изјави портпаролката на Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина, Максида Пириќ.

Пребројувањето на гласачките ливчиња почна вчера попладне, откако ЦИК на 10 октомври донесе одлука за пребројување на гласовите за претседател на РС поради, како што соопштија, забележани изборни нерегуларности и математички нелогичности.

По пребројувањето на гласовите треба да се одржи седницата на ЦИК, а потоа да се објават резултатите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Босна и Херцеговина преброени гласовите од изборите, потврден случај на кражба

А1он