Во близина на Тутин: Експлодира рачна бомба за која децата мислеле дека е играчка, целото село се затресе

Од:

Во селото Сув Дол во општина Тутин (Санџак), група деца на патот пронашле експлозивна направа – бомба, која потоа ја активирале фрлајќи ја на блиската ливада. Од експлозијата нема повредени.

Полициската истрага утврдила дека бомбата под автомобилот ја ставил некој од селото, но за среќа испаднала пред да експлодира, истакнуваат мештаните.

Според мештаните, се се случило во четвртокот вечерта, кога во околината на селската џамија за време на намаз, забележале непознато лице како вози караван автомобил „пежо“ кој по краток престој го напуштил селото.

– Се сомневаме дека тој ја поставил бомбата додека верниците се молеле во џамијата. Бидејќи земјениот пат на џамијата што води до главниот селски пат е во лоша состојба, бомбата паднала од автомобилот под кој била поставена. Децата ја пронајдоа таа бомба во петокот, си играа со неа, не беа сигурни дали е играчка или вистинска бомба, па ја сликаа. Тоа траело извесно време, додека едно од постарите момчиња не ja фрлило бомба во ливадата, каде што експлодирала. Експлозијата бeше толку силна што целото село се затресе – велат жителите на селото.

Инцидентот предизвика сериозна загриженост и страв кај локалното население. Локалната полиција веднаш по инцидентот интервенирала и извршила увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Во близина на Ниш: Маж се разнесе со бомба