Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

Од:

На територијата на федерацијата Босна и Херцеговина од денеска ќе се применува Правилникот за забрана за пушење во сите затворени објекти.

Правилникот стапи во сила пред шест месеци, но им се остави простор на угостителските објекти да се адаптираат половина година.

Законскиот предлог предвидува дека правните лица кои нема да забранат употреба на тутун ќе платат глоба до 5.000 марки (околу 2.500 евра), додека физичкото лице кое консумира тутун во затворен простор ќе се казни со глоба од 100 марки (околу 50 евра).

Казните ќе почнат да се наплатуваат за шест месеци.

Во Босна и Херцеговина, тутунски производи користат речиси 1 милион луѓе, од околу 3,5 милиони жители.

Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека БиХ со 35,5 отсто пушачи е втора во Европа, зад Србија, каде пуши 37,6 отсто од населението.

Би можело да ве интересира

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар