Во антитерористичката акција „Боздоган-12“ приведени се 139 турски сепаратисти и терористи

Од:

Во антитерористичката акција на турската полиција „Боздоган-12“ денеска се приведени 139 припадници на сепаратистичко-терористичка организација осомничени дека планирале терористички напад во пресрет на празникот Невруз, соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Тој изјави дека акциите биле извршени во 15 провинции низ земјата под координација на Одделот за борба против тероризмот на Генералниот директорат за безбедност и Дирекцијата за разузнавање, пренесува Дејли Сабах.

„Симултаните рации на провинциските полициски оддели во Ардахан, Киркларели, Батман, Ширнак, Измир, Бурса, Анталија, Денизли, Дијарбакир, Ерзурум, Истанбул, Адана, Муш, Саниурфа и Ван доведоа до апсење на 139 осомничени. Утврдено е дека тие биле ангажирани во пропаганда на терористичка организација на социјалните мрежи, планирајќи напади врз безбедносните сили, јавни возила и згради за време на празникот Невруз“, рече Јерликаја.

Според него, во акцијата е запленето значително количество огнено оружје без дозвола и дигитален материјал.

Би можело да ве интересира

Турската полиција верува дека делови од телото на Кашоги се спалени